12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГи разбиваме митовите за кариерата

Ги разбиваме митовите за кариерата

kariera259

Доколку мислите дека вашите изјави му се допаѓаат на шефот, запрашајте се повторно… Еве неколку совети како вашата кариера да ја вратите на вистинскиот пат.

1. Шефот сака секогаш да ги избирате неговите идеи

Шефот на состанокот со вработените споделил, според него, една револуционерна идеја и со нетрпение чека поддршка. Не е добро слепо да ги следите наредбите во се. Доколку вас од било која причина идејата не ви се допаѓа, треба да го кажете своето мислење и да ги изнесете своите причини зошто таа идеја во пракса не би функционирала. Шефот тоа сигурно повеќе ќе го цени.

2. Треба мирно да седите и да чекате нови задолженија

Ова, секако, е добро ако сте нови на работа и доколку дури сега се запознавате со работните задачи. Никој од вас и не очекува во тој период на запознавање да имате идеи. Но, доколку сте некое време во компанијата, повеќе од добро е, од време на време сами да предложите што би можеле да направите. Тоа не мораат да бидат огромни идеи кои на компанијата ќе и донесат милиони, но важно е шефот да види дека имате иницијатива и да види дека ги следите трендовите во работата со која се занимавате.

3. Шефот не сака да ја знае баш секоја ваша дилема

Секако дека не треба да ги мачите вашите претпоставени со тривијалности како што се: „Каде да најдам празни дискови“, но не се сите дилеми тривијални. Иако е добро да ги знаете своите задолженија и овластувања, сигурно ќе има и ситуации кои вашиот шеф ќе ги почитува поради тоа што сте се советувале со него околу нив.

4. Оправдајте ја секоја пофалба на претпоставените

Ова е посебно важно бидејќи така ќе ја избегнете зависта од другите колеги. Напорно сте работеле и шефот ве пофалил, но, некако, ќе се најде некој кој ќе мисли дека тоа не сте го заслужиле. Единствен лек е да продолжите со напорната работа и колегијалниот однос, кој со тек на времето ќе ги омекне и најтврдокорните, по суета, колеги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП