6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Суфицит од 200 милијарди евра

Германија: Суфицит од 200 милијарди евра

suficitraste1

Трговскиот суфицит на Германија во 2013 година се зголемил на рекордни 198,9 милијарди евра од 189,8 милијарди евра од претходната година.

Тоа е највисокото ниво од кога се собираат податоци за надворешната трговија, покажаа официјалните податоци на германската канцеларија за статистика Дестатис.

Меѓутоа, во декември на месечно ниво трговскиот суфицит на Германија е благо намален на 18,5 од ноемвриските 18,9 милијарди евра, поради малку послабото темпо на извоз и увоз, се наведува во соопштението на Дестатис, пренесува агенцијата Франс прес.

Според сезонски прилагодените податоци, вредноста на стоката која е извезена од Германија во декември била 92,5 милијарди евра, што е помалку во однос на ноемвриските 93,3 милијарди евра, додека увозот се намалил на 74 милијарди евра од ноемвриските 74,4 милијарди евра.

Сето тоа покажува дека сезонски прилагодениот трговски суфицит на Германија во декември е намален, додека според сезонски неприлагодените податоци, трговскиот суфицит исто така е намален на 14,2 милијарди евра во декември од ноемвриските 19,1 милијарди евра, како последица на брзиот пад на извозот и увозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП