7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple откупи свои акции за 14 милијарди долари

Apple откупи свои акции за 14 милијарди долари

apple akciie

Корпорацијата „Apple“ откупи сопствени акции во вредност од 14 милијарди долари во последните две недели, соопшти нејзиниот директор Тим Кук во интервју за „Wall Street Journal“.

Купувањето започна по последниот тримесечен извештај кој ги разочара инвеститорите. Шефот на „Apple“ истакна дека во последните 12 месеци, компанијата има откупено сопствени акции во вредност од над 40 милијарди долари, што е рекорден показател за која и да е компанија.

„Тоа значи дека ние се залагаме за „Apple“ и навистина сме убедени во она што го правиме и имаме намера да го правиме. Ние не зборуваме, туку тоа го покажуваме со своите дејствија“, рече Кук.

Изјавата на Кук беше индиректен одговор кон инвеститорот Карл Ајкан, кој претходно ја повика компанијата да ја забрза програмата за откуп на акции, индиректен начин за наградување на своите акционери и зголемување на цената на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП