3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајмладата милијардерка во САД

Најмладата милијардерка во САД

linz1

Патот кон успехот најчесто е трнлив. Сепак, случајот на Линзи Торес е сосема поинаков, може да се каже и бизерен.

Таа има 30 години и сопственик е на синџир на фаст-фуд ресторани, кој е наречен „In-N-Out“.

Линзи е најмладиот милијардер во САД. Но, таа нема ниту факултетска диплома, а нема ни обука за директор на ресторан.

linzi13

Сето ова е помалку важно кога ќе се спомене фактот дека таа е сопственик на синџирот на ресторани кој се состои од 280 продавници во пет држави. Нејзиниот синџир на ресторани се проценува на повеќе од една милијарда долари.

„In-N-Out“ рестораните имаат стекнато голема популарност, така што посетителите се подготвени да чекаар ред со часови на отварањето на следниот нов ресторан.

Меѓу оние кои ги сакаат нејзините хамбургери е и милијардерот Ворен Бафет, кој пред неколку години, пред група студенти од Универзитетот во Лос Анџелес, изјавил дека тој би сакал да го поседува овој синџир.

linzi12

Интересно е како Линзи дојде до оваа бројка на ресторани

Првата продавница за брза храна „In-N-Out“ започна со работа во далечната 1948 година, основачот е дедото на Линзи, Хери Снајдер, кој го отвори првиот драјв-ин ресторан во Калифорнија. Неговата жена Естер работела како сметководител. Од хамургерите „за носење“, ресторанот станал познат по својот висок квалитет на состојките кои ги користи за своите производи.

linzi2

Необично е тоа што, на амбалажата во која се пакуваат подготвените јадења, дискретно се напишани цитатите од Библијата.

linzi4

Кога дедото Хари починал во 1976 година, неговиот повозрасен син Рич, го превземал водството на компанијата, тој од 18 ресторани успеал да го прошири бизнисот на 93 ресторани. Таткото на Линзи, Хари Гај Шнајдер, станал извршен директор во 1993 година, по авионската несреќа во која загинал неговиот брат Рич.

Тогаш синџирот на ресторани бил проширен на 140 локации. За жал и таткото на Линзи подоцна починал од прекумерена доза на наркотици, тогаш Линзи го превземала синџирот на ресторани во 1999 година.

За неа малку работи се познати, познато е дека била во брак три пати и дека нема никакво образование. За неа ни во самите ресторани не знаат многу.

„Блумберг“ минатата година откри уште неколку тајни милијардери. Во тајните милијардери спаѓа 70-годишната Ела Маршал која е четвртата најбогата жена во САД, таа станала милијардерка благодарение на своите 15 проценти од акциите во „Koch Industries“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП