2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Сарачини на меѓународниот економски Самит на балканските земји во Бурса

Министерот Сарачини на меѓународниот економски Самит на балканските земји во Бурса

valjon sarakinii

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска и утре ќе престојува во работна посета во Бурса, Република Турција, каде ќе присуствува на вториот меѓународен економски Самит на балканските земји.

Самитот се организира под покровителство на Владата на Република Турција – Директорат за турската дијаспора и пријателите на Турција. Организатор на е РУМЕЛИСИАД, организацијата на индустријалци на Турција, во соработка со градот Бурса и Стопанската комора на индустријалците на Бурса, град кој годишно извезува стоки во вредност од над 10 милијарди евра.

На Самитот е најавено присуство на премиерот, вицепремиерот и министри на Владата на Република Турција, министри за економија на земјите од регионот, како и околу 800 бизнисмени од регионот.

Министерот Сарачини на Самитот ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП