23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени цените на храната во светот поради залихите

Намалени цените на храната во светот поради залихите

cenihranazalihi1

Светските цени на храната во јануари се намалија за прв пат во последните три месеци, поради големата количина на храна на пазарот и позитивната перспектива на производството, соопшти ФАО.

Клучниот индекс на цените се намали во јануари за 1,3 проценти во однос на декември, додека индексот на храната „ФАО“ во јануари изнесуваше просечни 203,4 поени, бидејќи евтините житарици, шеќерот, маслото и месото ги неутрализираа ефектите од поскапувањето на млечните производи, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

„Можеме да забележиме пониски цени поради големите залихи, но промената во побарувачката, како што е забрзаното темпо на увоз во Азија, би можело да го ограничи тој пад“, изјави економистот од ФАО, Абдолрес Абасијан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП