28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на Merck & Co

Пад на профитот на Merck & Co

large_MerckScheringPlough

Американската фармацевтска компанија „Merck & Co“ во четвртиот квартал забележа пад на профитот од 14 проценти, поради генеричката конкуренција.

Конкуренцијата ја намали заработката од најпродаваните лекови, но и неповолниот курс кој влијаеше на приходите од странство.

„Merck & Co“, третиот по големина производител на лекови во светот, во последниот квартал од 2013 година оствари нето профит од 781 милиони долари, односно 26 центи по акција, во однос на 908 милиони долари, односно 30 центи по акција во истиот период од 2012 година, пренесува агенцијата АП.

Компанијата наведува дека кога од пресметките ќе се исклучат еднократните трошоци, нето заработката изнесува 2,6 милијарди долари, односно 88 центи по акција, потфрлајќи за едно пени во однос на очекувањата на аналитичарите.

Приходите на компанијата се намалија за четири проценти на 11,32 милијарди долари. „Merck & Co“ во 2014 година очекува профит од 2,25 до 2,47 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП