27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Нема дефлација во еврозоната

Драги: Нема дефлација во еврозоната

mario2

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека во еврозоната нема дефлација, иако има ниска инфлација која на долг рок може да биде загрижувачка.

„Нема дефлација во еврозоната. Меѓутоа, ниската инфлација на долг рок може да биде ризична и тоа бара поголема контрола“, изјави Драги на месечната коференција за новинарите.

Драги го изјави ова откако Управниот одбор на ЕЦБ одлучи да ја остави референтната каматана стапка на 0,25 проценти, што е рекорно ниско ниво.

Некои аналитичари очекуваа пад. „Ние веќе реагиравме во ноември“, изјави Драги, повикувајќи се на намалувањето од 0,4 проценти на почетокот на ноември.

„Од тогаш ние ја пратиме реакцијата на пазарот и економијата на оваа одлука“, додаде тој и наведе дека за спроведување на реформите е потребно време.

Драги не најави ниту една мерка која аналитичарите ја очекуваа за да се поттикне кредитирањето на компаниите и домаќинствата, како и новите долгорочни кредити на банките или откупот на банкарските средства обезбедени од кредити.

Според неговите зборови, новите прогнози на ЕЦБ за растот на инфлацијата за периодот 2014-2015 година ќе бидат објавени во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП