9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТинекс прославува 20 години постоење

Тинекс прославува 20 години постоење

tinex121

Со вкупно 40 маркети, седум Космо дрогерии, повеќе од 1.200 вработени и над 15.000 различни производи, Тинекс прославува 20 години од своето постоење.

„Приказната започна во далечната 1994 година, кога се отворија вратите на првиот Тинекс маркет во населба Карпош 3. Во тоа време отворањето на еден ваков бизнис беше вистински предизвик од една страна, но и огромно задоволство за потрошувачите од друга страна. Иако многумина беа скептични за идејата, тогашниот мал тим од помалку од 10 луѓе напорно, деноноќно работеше на остварување на својот сон, кој денес е вистинска гордост за сите нас“, рече на денешната прес-конференција Цветанка Христовска, главен бренд директор во компанијата.

Додаде дека Тинекс прерасна во сериозен ланец на маркети, прв македонски бренд, кој секојдневно ги задоволува потребите на повеќе од 30.000 лојални потрошувачите на современ начин.

Христовска истакна дека Тинекс преку платформата „Тинекс, ти и јас“ придонесува и кон развојот на заедницата така што во изминатите четири години има донира над 60 милиони денари во здравството, социјалата, спортот, културата образованието. Најави и голема донација по повод 20-годишнината која ќе ја откријат за 20-тина дена.

Информира дека е почната акција за купување квалитетни македонски производи, посочувајќи дека во маркетите на полиците има над 5.000 македонски производи, произведени од над 200 домашни компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП