16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСценаристот Мекланахан го тужи Том Круз и бара милијарда долари

Сценаристот Мекланахан го тужи Том Круз и бара милијарда долари

tom

Сценаристот Тимоти Патрик Мекланахан во декември 2013 година го тужеше холивудскиот актер Том Круз и креаторите на филмот „Мишн Импосибл -Гоуст Протокол“, меѓу кои и компанијата „Парамаунт Пикчрс“ и други продукциски куќи, поради наводно крадење на неговото сценарио.

Мекланахан тврди дека филмот е работен според неговото сценарио за „Хед он“ од 1998 година и по судски пат бара милијарда долари, јавија странските медиуми.

Судските документи покажуваат дека Мекланахан прво, своето сценарио го испратил на компанијата „Вилијам Морис Ејџенси“ која го одбила.

На крај текстот е испратен во куќта „Креатив Артист Ејџенси“, чиј клиент е актерот Круз.

Мекланахан, тврди дека веднаш го препознал своето сценарио по гледањето на филмот, кој само на киноблагајните низ светот заработи околу 700 милиони долари.

Новиот петти дел на мегапопуларното продолжение во кината би требало да дојде во декември 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП