ПочетнаАВТОБИЗХонда гради нова фабрика во Тајланд

Хонда гради нова фабрика во Тајланд

honda

Јапонскиот производител на автомобили Хонда, објави дека ќе потроши околу 644 милиони долари за изградбата на нова и проширувањето на постоечката фабрика во Тајланд.

Во соопштението на компанијата се наведува дека ќе изградат нова фабрика во покраината Прачинбуру, околу 120 километри источно од Бангкок, и дека вкупните трошоци за изградба ќе изнесуваат 575 милиони долари.

Новата фабрика, со производствен капацитет на 120.000 возила годишно, би требало да започне со работа во 2015 година и да вработи 1.200 работници.

Во фабриката ќе се произведуваат главно, мали и компактни возила, со цел да се задоволи растечката глобална побарувачка за таквите автомобили.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП