4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ЕЦБ поради ниската инфлација ќе ја намали каматната стапка?

Дали ЕЦБ поради ниската инфлација ќе ја намали каматната стапка?

ecb5

Европската централна банка (ЕЦБ) денес ќе одржи редовен месечен состанок, во момент на шпекулации дека послабите од претходно очекуваните податоци за инфлацијата во еврозоната би можеле да влијаат на нивото на движење на каматните стапки.

Според минатонеделните податоци на европската служба за статистика Еуростат, инфлацијата во еврозоната во јануари забави на 0,7 проценти од декемвриските 0,8 проценти, што е значително под зацртаната цел на ЕЦБ која изнесува нешто под два проценти.

Тој феномен е познат како дезинфлација, за ралика од дефлацијата која го карактеризира реалниот пад на цените.

ЕЦБ во повеќе наврати истакна дека во овој момент не постои закана од дефлација, но наблудувачите на оваа институција веруваат дека, во случај на дополнително забавување на инфлацијата, постои реална опасност од дефлаторен притисок.

„Изненадувачката дезинфлација дополнително ги поттикна очекувањата на пазарите за новото олабавување на каматните стапки на ЕЦБ“, изјави економистот Рајнер Гинтерман.

На последниот состанок, претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, изјави дека централната банка е подготвена да преземе нови акции, ако тоа е неопходно.

ЕЦБ уште во ноември ја намали референтната каматна стапка на ново историско ниво од 0,25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП