28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на Swisscom

Намален профитот на Swisscom

swisscom56

Најголемата швајцарската телекомуникациска компанија „Swisscom“ во 2013 година оствари стабилни приходи во однос на претходната година, во износ од 11,43 милијарди франци, но профитот е намален поради притисокот на цените и зголемените трошоци за амортизација, соопштија од компанијата.

Нето профитот на „Swisscom“ во минатата година изнесуваше 1,69 милијарди франци, што е за 6,6 проценти помалку во однос на 2012 година, но сепак малку над просечната прогноза на финансиските експерти (1,64 милијарди), пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во 2013 година „Swisscom“ го зголеми бројот на вработените за 594, главно во Швајцарија, така што на крајот на декември вкупниот број на вработени изнесувапе 20,108 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП