11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Невработеноста се зголеми за 15 %

Словенија: Невработеноста се зголеми за 15 %

S

Бројот на невработени лица во Словенија во јануари изнесуваше речиси 130.000 лица, што е за пет проценти повеќе отколку во декември минатата година и за 15 проценти повеќе во однос на јануари 2013 година.

Стапката на невработеност меѓу младите до 29 години се зголемува, и сега нивната бројка изнесува околу 34.000, покажуваат најновите податоци на словенечкиот Завод за вработување.

Организациите кои ги застапуваат младите тврдат дека државата не презема систематски мерки за намалување на невработеноста меѓу младите, бидејќи поради штедењето ги намалила можностите за истражувачките дејности и дополнителното образование на младите.

Владата, сепак, тврди дека ситуацијата со невработеноста на младите оваа година ќе се стабилизира. Се чека резултатот од мерките кои владта го презема во соработка со Европската унија, меѓу кои се суфинансирањето на дополнителното професионално оспособување и приправничкиот стаж за младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП