3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСудските трошоци го намалија профитот на Credit Suisse

Судските трошоци го намалија профитот на Credit Suisse

creditcresuice1

Судските трошоци со кои беше соочена втората најголема швајцарска банка „Credit Suisse“ влијаеа на профитот на банката кој во четвртиот квартал стагнираше.

Швајцарската банка во периодот од октомври до декември оствари нето профит од 267 милиони франци (295 милиони долари), во споредба со профитот од 263 милиони франци од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Стагнирањето на бизнисот следеше откако банката издвои 339 милиони франци за да ги плати судските трошоци за судските постапки и откако издвои 175 милиони франци за покривање на трошоците во амeриканската истрага околу даночното затајување.

Овие резултати ги разочараа инвеститорите, а акциите на „Credit Suisse“ се намалија за 1,6 проценти на 26,61 франци.

Во целата измината година, „Credit Suisse“ повеќе од двојно го зголеми нето профитот, на 3,07 милијарди франци од 1,35 милијарди франци во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП