2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот на Јапонија: Давајте поголеми плати

Премиерот на Јапонија: Давајте поголеми плати

shinzoabeabeabettt

Основната плата во Јапонија минатата година беше на нивото од 2009 година кога платите потонаа на 16-годишен минимум поради рецесијата која го погоди целиот свет.

Ова, како што оценува њујоршката агенција Блумберг, може да претставува ризик за личната потрошувачка, во момент кога оваа земја се подготвува за поголем данок на потрошувачката.

Како што јавува Блумберг, платите во Јапонија, кога ќе се изостават бонусите и надоместоците за прекувремена работа, според податоците на јапонското министерство за труд, се намалени на 98,9 поени во 2013 година, во однос на периодот од пред четири години, кога беа на ниво од 100 поени.

Од таа причина, јапонскиот премиер Шинзо Абе ги повика компаниите да ги зголемат платите, и поради пазарните превирања, деловните лидери и претставниците на синдикатот на јапонските компании се состанаа денес со цел да ги започнат разговорите за платите, кои конечно треба да дадат резултати во март, едне месец пред зголемувањето на даноците на промет на осум проценти.

„Исклучително е важно компаниите кои го зголемиле својот профит благодарение на стимулативните мерки познати како „Абеномикс“ да ги искористат тие средства за зголемување на платите и отворање на нови работни места“, изјави генералниот секретар на јапонската влада, Јошихиде Суга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП