27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзмените на Законот за минимална плата на Собрание

Измените на Законот за минимална плата на Собрание

sobranie ea

Собранието на Република Македонија денеска на третото продолжение на 84-та седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка.

Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка.

На дневниот ред се и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, двата по скратена постапка.

Како што е најавено, на агендата се и Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште, на предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за семејството и на Законот за заштита на културното наследство, сите во прво читање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП