21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е загрижена од долгот на Киев

Русија е загрижена од долгот на Киев

rusija1rus1

Русија е загрижена поради растот на долгот на Украина за гас, изјави претставникот на претседателот на Русија, Димитриј Песков.

Тој додаде дека Москва, сепак, се надева дека Украина ќе ги исполни сите точки од постоечкиот договор.

Песков изјави дека Газпром веќе предупредил дека долгот расте многу брзо. Украина должи 3,29 милијарди долари за испорака на гас за минатата година и за јануари оваа година.

Што се однесува на продолжувањето на помошта од 15 милијарди долари, Песков ја потсети јавноста на зборовите на Владимир Путин дека нема намера ништо да истражува бидејќи помошта ја дава на народот на Украина, кој се најде во тешка ситуација.

„Нормално дека ќе биде потребно извесно време додека новиот шеф на владата и објасни на Москва колку планира да остане приврзан на претходно дефинираниот политички курс“, изјави Песков.

„Москва не бара објаснување на кој начин ќе бидат потрошени парите кои на Украина и се дадени како помош, како што тоа го прават Меѓународниот монетарен фонд и другите меѓународни финансиски структури“, потенцираше Песков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП