1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИмаат шест валути, но не и своја

Имаат шест валути, но не и своја

zimbabve25mko25

Владата на Зимбабве одлучи, покрај доларот и јужноафриканскиот ранд, како платежно средство да ги воведе и јапонскиот јен, кинескиот јуан, индиската рупија и австралискиот долар.

Поради неуспешниот договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и празната државна каса, Зимбабве веќе пет години нема национална валута, пренесува агенцијата АФП.

Меѓународните санкции и другите проблеми предизвикаа во Зимбабве и голем пад на девизниот прилив од странските туристи, а поради општиот економски колапс, земјата, по катастрофалната хиперинфлација од 2009 година, престана да ја користи сопствената валута и премина на американскиот долар.

Економската ситуација во Зимбабве започна нагло да се влошува на почетокот на последната деценија, кога претседателот на оваа африканска земја, Роберт Мугабе, нареди одземање на земјата од фармерите кои во најголем дел беа од Велика Британија и некои други европски земји.

Таквата политика предизвика пад на довербата на инвеститорите а производството во Зимбабве драстично се намали посебно по воведувањето на меѓународните санкции во таа земја.

Добрите познавачи на економските прилики во Зимбабве наведуваат дека во земјата сега околу 90 проценти од работоспособните лица немаат работа, а големите компании кои претходно беа одземени од европските поседувачи на земја потполно се запуштени.

Економските аналитичари, сепак, не можат да разберат која е целта за воведување на новите валути како платежно средство во Зимбабве.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП