3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord повторно го намалува производството во Романија

Ford повторно го намалува производството во Романија

ford proizvodstvoo

Aмериканскиот производител на автомобили „Ford Motor“ во текот на овој месец четири дена ќе го стопира производството поради слабата побарувачка, известија денеска романските медиуми, повикувајќи се на извори од компанијата.

„Ford“ во 2008-та го превзема романскиот производител „Automobile Craiova“ каде четири години подоцна започна со производство на својот моделот „B-Max“.

Компанијата минатата година во Романија произведе нешто повеќе од 68.000 автомобили и 250.000 мотори, но во септември ја воведе практиката за прекинување на производството на неколку дена месечно.

Во февруари вработените во производство нема да работат во петок, што нема да важи и за одделението за производство на мотори. „Ford“ во Романија има вработено околу 4.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП