18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на невработеноста во Португалија

Пад на невработеноста во Португалија

portugalija3498

Невработеноста во Португалија во четвртиот квартал минатата година трет пат по ред е намалена. Во последните три месеци стапката на невработеност во Португалија е намалена од 15,6 проценти колку што изнесуваше во периодот од јули до септември, на 15,3 проценти соопшти Заводот за статистика во Лисабон.

Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2012 година во Португалија достигна 16,9 проценти, пренесува Ројтерс.

На годишно ниво за 2013 година, стапката на невработеноста, изнесува 16,3 проценти, додека таа за претходната година беше пониска и изнесуваше 15,7 проценти.

Невработеноста во Португалија, која се најде во најголемата рецесија од 70-тите години на минатиот век, достигна рекордни 17,7 проценти во првиот квартал минатата година за потоа да започне да се намалува, благодарение на позитивниот економски раст забележан во вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП