4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБилд: Грците се побогати од Германците

Билд: Грците се побогати од Германците

poli

Грците се побогати од Германците бидејќи плаќаат помали даноци, имаат поголеми имоти и извршуваат даночни измами, објави Билд.

Податоците се официјални, тврди весникот. Просечното ниво на имотна состојба на Грците е двојно повисоко од она во Германија, но германската Влада планира нова финансиска помош за Грција, додава весникот.

– На Грците, кои се под закана за банкрот, одново им требаат милијарди кои треба ние да ги плаќаме, се вели во статијата во пресрет на третиот пакет финансиска помош за Грција од околу 20 милијарди евра, и Германија во тоа ќе учествува со шест милилјарди.

Секое домаќинство во Грција има имот во вредност од над 101.900 евра, според податоци на Европската централна банка за 2013 година.

Таа вредност за едно германско домаќинство е 52.000 евра, се додава во написот.

– Знаеме сошто е тоа така – Грците имаат помали даноци, имаат поголеми имоти и прават
даночни измами, заклучува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП