2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија претставена на Саемот за овошје и зеленчук „Фрутлогистика“

Македонија претставена на Саемот за овошје и зеленчук „Фрутлогистика“

frutlogistika1mak

– Со финансиски средства обезбедени од Владата, а во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, повеќе македонски компании ќе се претстават на Саемот за свежо овошје и зеленчук „Фрутлогистика“, што се одржува Берлин, Германија, од 5 до 7 февруари.

Со цел што поуспешно претставување на македонските излагачи, обезбеден е простор на саемот со површина од 120 м2 на кој е сместен националниот штанд и кој е дизајниран во насока на препознатливост на Република Македонија, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Саемот „Фрутлогистика 2014“претставува водечки меѓународен саем за свежо овошје и зеленчук, на кој секоја година присуствуваат приближно 2.600 изложувачи и 60.000 посетители од над 130 земји од светот, меѓу кои и глобалните лидери во индустријата за свежи производи. Саемот е и место за согледување на најновите трендови, како и развојот во производството и трговијата на свежо овошје и зеленчук.

Овој специјализиран саем им нуди на сите сектори поврзани со свежо овошје и зеленчук, можност да ги презентираат своите производи од самото нивно производство до точката на продажба, како и за остварување на меѓусебен бизнис.

Секторот за маркетинг и квалитет на земјоделските производи, при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со новоформираното здружение на оператори со свежо овошје и зеленчук „Викторија“, ја презентираше поддршката за промоција на македонските земјоделски производи што ја овозможува Владата на Република Македонија преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Беше дискутирано и позитивното искуство што го имаа фирмите од учеството на Фрутлогистика минатата година што резултираше со зголемен број на купопродажни договори. Токму ова придонесе и оваа година, интерес за учество на саемот да пројават повеќе фирми во секторот свежо овошје и зеленчук: Перминдекс, Агролозар, Агро Калем, Жито, ГД Тиквеш, Румко, Баџо Компани, Туран, Ксенос и Евро Мак.

Минатата година на саемот, покрај големиот број на остварени контакти, беа склучени нови договори за извоз на свежо овошје и зеленчук во износ од 4,67 милиони евра, со компании од Холандија, Русија, Словачка, Италија, Украина, Франција, Унгарија, Романија, Шпанија, Алжир, Хрватска, Бугарија, Чешка и Германија, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП