ЕКОНОМИЈА

Романската Влада ќе покрива половина од трошоците за плати на компании кои ќе отворат најмалку 20 работни места

romanija1

Романската држава од 1 јули ќе покрива половина од трошоците за плати на компаниите, кои ќе отворат најмалку 20 нови работни места, изјави романскиот премиер Виктор Понта.

Мерката ќе важи седум години, а методолошките норми ќе бидат објавени во април, изјави министерот за буџет Ливиу Воиња.

Програмата ќе опфати по илјада фирми годишно, истакна министерот.