10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСо што се борат сите жени на работа?

Со што се борат сите жени на работа?

zenineprijatnimomenti1

Половата еднаквост е една од најчестите фрази кои им испаѓаат на политичарите од уста, со неизбежно споменување на народот, но и понатаму се работи за утопија…

Дискриминацијата на жените и понатаму е присутна во сите сегменти на работењето, покажало истражувањето на групата „Project 28-40“ која се залага за рамноправност на половите. Имено, страв од губење на работата откако ќе останат бремени чувствуваат многу жени, а преку половина од нив доживеале некој вид на злоупотребување на работа.

Истражувањето е спроведено на голем примерок од 25 илјади вработени жени, од кои 52 проценти изјавиле дека барем еднаш во животот биле лично дискриминирани на работното место.

Дури нешто помалку од 20 проценти од испитаничките веруваат дека не се унапредени на работа само затоа што се жени, а секоја десетта признала и сексуално злоупотребување на работното место.

Покрај тоа, една четвртина е преоптоварена со работа и често доживува нечесни критики, а една петтина неколку пати била исклучена од важни проекти само поради својот пол, додека повеќето кои и биле вклучени во таквите проекти биле маргинализирани.

Заклучокот на истражувањето е дека дискриминацијата на жените на работа и тоа како е присутна и понатаму, а добар дел од проблемите опстануваат поради кризата на економиите во кои мажите сметаат дека само тие се доволно силни да пронајдат решенија за излез од таквата ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП