2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемена добивката на Роснефт, ќе се зголеми и дивидендата

Зголемена добивката на Роснефт, ќе се зголеми и дивидендата

rosnefttt

„Роснефт“ ќе ја зголеми дивидендата откако добивката во минатата година се зголеми за 50 проценти.

Нето добивката е зголемена на 545 милијарди рубљи (15,5 милијарди долари) од 360 милијарди рубљи кои беа остварени една година претходно.

„Роснефт“ обично исплаќа една четвртина од добивката преку дивиденда, а за оваа година најавува дивиденда од 12,86 рубљи по акција. Минатата година дивидендата изнесуваше 8,05 рубљи по акција. Споменатата дивиденда од 12,86 рубњи прави дивиденден принос од 5,1 проценти.

Проблем сепак претставува нето задолженоста на компанијата која оваа година се зголеми за три пати, на 1,86 илјади милијарди рубљи.

Компанијата планира оваа година да отплати 728 милијарди рубљи, наредната година 597 милијарди и во 2016 година 274 милијарди рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП