Белград – Работни дозволи во Србија во текот на минатата година добиле околу 3.000 странски државјани, пишуваат Новости. Годишен даник на приход пријавиле 852 лица. Речиси секој трет странец кој има работна дозвола во Србија е милионер, пишуваат Вечерњи новости. На Даночната управа минатата година 852 странци предале барања за даночење на приходите, бидејќи за 12 месеци заработиле над 2 милиона динари. Според податоците на Националната служба за вработување, работна дозвола за деловен ангажман во Србија во 2013 година добиле 2.784 странци.
Белград – Округлата маса за основање на банки на дијаспората ќе се одржи во Стопанската комора на Белград. Конференцијата се одржува по повод неодамнешната деловна конференција Србија и Дијаспората, на која е дадена иницијатива за основање на специјализирани финансиски организации во Србија за потребите на дијаспората. Идејата е на дијаспората да се обезбеди поддршка за основање на соодветни финансиски организации кои треба да придонесат за поефикасна употреба на трансферираните пари во родната земја.
Белград – Електростопанство на Србија ЕПС, соопшти дека Надзорниот одбор на тоа Јавно претпријатие донел одлука за основање на стопанско друштво во Словенија ЕПС Трговање. Како што се наведува, таа компанија ќе биде основана по добивање на согласност од Владата на Србија и со неа ќе се раководи од Србија со седиште во ЕПС, бидејќи со оглед на современите услови на трговија на електрична енергија, нема потреба за вработување на луѓе во Словенија.
Вашингтон – Неевропските членки на ММФ беа крајно воздржани во поглед на успехот на првиот план за помош на Грција, одобрен во мај 2010 година, пишува весникот Либер белжик. Од интерен документ на ММФ од 10 мај 2010 година, по еден ден откако ЕУ и Фондот одобрија на Грција помош од 110 милијарди евра, може да се заклучи дека неевропските членки на Фондот сметаат дека постојат недостатоци во поглед на збунувачката комуникација. Претставниците на Австралија во оваа меѓународна организација по таа прилика потенцираа дека планот за помош би можел да предизвика грешки какви што се направени во текот на азиската криза, со наметнување на премногу структурни услови на Грција.
Бар – Министерот за земјоделство и рурален развој на Црна Гора Петар Ивановиќ вели дека развојот на риболовот во таа земја е прекинат по распадот на СФРЈ. Црна Гора во областа на риболовот се соочува со сериозни проблеми, а развојот на нејзиниот риболов е прекинат со распадот на Југославија, предочи министерот за земјоделство и рурален развој Петар Ивановиќ на годишното заседание на Генералната комисија за риболов во Медитеранот ГФЦМ.
Берн – Швајцарската банка УБС која е во сред процес на реформи на своите активности, објави дека остварила голем пресврт и дека го зголемила профитот. Нето профитот на УБС лани изнесувал 3,2 милијарди франци т.е. 2,5 милијарди евра, во споредба со загубата од 2,4 милијарди франци од 2012 година. Ланскиот резултат е многу подобар во однос на 2012 година, кога УБС банката мораше да плати казна на регулаторните власти поради учество во меѓународен скандал околу местење на меѓубанкарските каматни стапки Либор.
Берлин – Еткер умрел во 2007 година, оставајќи зад себе осум деца. Неговата империја вреди околу 12 милијарди долари, меѓутоа на листата на богатите нема никој од потомците на Еткер. Рудолф Август Еткер го делеле само недели до почетокот на офицерскиот стаж во СС единиците на нацистичка Германија, кога дознал дека неговата мајка, двете полусестри и очувот загинале во сојузничкото бомбардирање во германскиот град Билефелд. Таа загуба не претставувала само лична трагедија за 28 годишниот кадет Еткер. Тоа било удар за компанијата на др. Август Еткер, еден од главните снабдувачи на германската војска на фронтот во Втората светска војна.
Лондон – Цената на бакарот паѓа десети ден по ред, што е најдолг период на пад на вредноста на тој метал од април 1986 година. Ниската цена е последица од слабата побарувачка поради успорувањето на преработувачкиот сектор во Кина и САД, како водечки светски потрошувачи на бакар. Цената на бакарот за испорака во тек на три месеци на Лондонската берза на обоени метали падна за дури 0,3 отсто на 7.016 долари за тон, што е најниско ниво од 4 декември, јавува Блумберг.
Лондон – Извршниот директор на британската банка Барклиз, Ентони Џенкинс, вели дека нема да прими бонус за 2013 година, поради големите парнични трошоци со кои се соочува банката. Барклиз, која се обидува да го поправи угледот по вмешаноста во скандалот со местење на меѓубанкарските каматни стапки Либор, е една од банките кои се под истрага поради сомневање дека манипулирале со трговијата на девизните пазари. Бонусите на банкарите се чувствителна политичка тема во Британија шест години по финансиската криза, поради која некои од најголемите банки во таа земја, пред се РБС и Лојдс, примиле помош од државата.
Париз – Цената на кафето од типот арабика е зголемена за 23 отсто од ноември лани, кога достигна најниско ниво во изминатите 7 години. Цената на овој вид на кафе порасна поради неизвесниот исход на бербата во Бразил, прв светски производител на кафе, пренесе РФИ. Рекордното производство на кафе во Бразил изминатите години ја намали цената, но оваа година родот може да потфрли поради недостиг на врнежи посебно во регионот на Сао Паоло и Минас Жере и тоа во време кога е најпотребно, бидејќи стеблата на кафе цветаат.