19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба со Димитриев повторно бараат работниците во Југохром

Средба со Димитриев повторно бараат работниците во Југохром

Jugohrom-333

Вработените од „Југохром“, фабрика која не работи веќе неколку месеци, затоа што има забрана поради загадување на воздухот во Тетово и тетовско, повторно бараат средба со премиерот Емил Димитриев, иако тој на последната средба им порача дека проблемот ќе го решава новата влада.

„Со овој допис бараме повторно одобрување на средба лично со вас и одговорните во Владата на Македонија каде би ги искажале нашите барања и размислувања на Синдикалната организација “Југохром”, поврзани со статусот на вработените”, стои во соопштението за барање на средба до премиерот.

Од Синдикатот соопштија дека бараат средбата да биде во најкраток можен рок и дека синдикалните претставници од „Југохром“ ќе бидат достапни 24 часа од денот.

Инаку, во вторник работниците од „Југохром“ повторно протестираа и го го блокираа автопатот Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино. Печките за топење на феросилициум се исклучени од 1 ноември, каде во металуршкиот комбинат работат околу 800 работници кои по искористувањето на бенефициите од бирото за вработување, може да останат на улица и без никакви примања.

Од граѓанската организација „Еко-герила“ од Тетово пак, во вторник, соопштија дека Тетово важи за еден од најмалку загадените градови во Македонија во однос на периодот кога работел „Југохром“ и дека градот и околината биле на на листата на најзагадени градови во светот додека работела фабриката без поставените филтри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП