сабота, февруари 27, 2021
6 °c
Skopje
5 ° саб
4 ° нед
5 ° пон
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.58 0%    KMB 7,877.21 -3.89%    MPT 71,000.00 -2.74%    OHB 5,570.00 0%    OKTA 3,501.00 -2.75%    REPL 106,000.00 0%    RMDEN19 99.50 0%    STB 1,251.04 -0.63%    STIL 58.00 0%    TETE 1,800.00 0%    TNB 19,944.22 -4.21%    TTK 1,406.83 -1.86%    UNI 2,522.00 -2.25%    
Почетна КРАТКИ ВЕСТИ СВЕТ

Кратки вести од светот

јуни 18, 2014
во категорија КРАТКИ ВЕСТИ СВЕТ
A A
Кратки вести од светот
2
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

najnovi-vesti1

Њујорк – Цените на нафтата се намалија синоќа, но засега не се очекува нивни поголем пад, бидејќи инвеститорите и натаму се загрижени околу евентуалниот прекин на испораките поради заострување на судирот во Ирак. Американската „лесна“ нафта за испорака во јули поевтини на Берзата во Њујорк за 35 центи на 106,55 долари за барел, додека северноморска „брент“ нафта за августовска испорака во Лондон чинеше 112,56 долари, односно 38 центи помалку од крајот на завчерашното тргување. – Цените на нафтата и натаму можат да растат поради ризик од евентуален прекин на доставата поради заострувањето на состојбата во Ирак, смета аналитичарот на компанијата „ЦМЦ Маркетс“ од Сингапур, Дезмонд Чуа.

Белград – Вкупната загуба на 510 јавни претпријатија во Србија во 2013 година изнесувала 51 милијарда динари (над 440 милиони евра), што е за 6,7 отсто помалку од претходната година. Меѓутоа, тоа е 2,2 пати повеќе од вкупните загуби на целото стопанство, соопшти српската Агенција за стопански регистри (АПР). Јавните претпријатија во Србија вработуваат 98.182 работници, што е 1,248 повеќе од лани и е 10 отсто од вкупниот број на работници во стопанството.

Подгорица – Црногорската авионска компанија „Монтенегро ерлајнс“, која работи со загуби најде нов начин за заработка – користење на своите авиони како летечки рекламни платформи. Така сите шест оперативни авиони во флотата, вклучувајќи го и најновиот „Ембраер Е-190“, кој пристигна од бразилската фабрика пред неколку недели, на двете страни на предниот дел од трупот под името на компанијата, доби и голема реклама за комплексот „Дукљански градини“ во Будва. „Монтенегро ерлајнс“ лани оствари за 1,58 милиони евра подобар финансиски резултат во однос на 2012 година, кога имаше загуба од околу 5,4 милиони евра.

Подгорица – Црна Гора, според нејзните претставници, во случај на напуштање на еврото би се соочила со одредени ризици. Тие ризици би биле: зголемени инфлаторни очекувања, влошување на фискалниот дисбаланс, раст на сивата економија, намалување на странските директни инвестиции и на крај економска рецесија. Во извештајот на Европската комисија од скринингот за поглавјето „Економска и монетарна унија“, се наведува дека Црна Гора потенцирала оти би сакала да продолжи да го користи еврото како официјално средство за плаќање и ги истакнала бројните ризици во случај на напуштање на еврото.

Тулуз – бМинистрите за економија на Франција и Германија, Арно Монтебур и Зигмар Габриел ги повикаа САД да не ја субвенцираат компанијата „Боинг“. – Двете влади ги повикуваат САД да се вклучат во лојална и фер конкуренција, а не во конкуренција која се базира на милијарди долари субвенции, рече Габриел откако со Монтебур во Тулуз го посети европскиот производител на авиони „Ербас“. Германскиот министер изјави дека од Европската комисија се очекува со актуелните трговски преговори да го сврти вниманието на САД на фактот дека ги кршат правилата на Светската трговска организација со давањето субвенции на индустријата.

Амстердам – Службеник на „Гринпис“ со своето лошо тргување на пазарот на девизи на оваа меѓународна еколошка организација и нанел загуба од 3,8 милиони евра. Организацијата, со седиште во Амстердам, соопшти дека нејзиниот службеник ги надминал своите овластувања со големи инвестиции врз основа на верувањето дека еврото нема да јакне во однос на другите валути во 2013 година, а се случи спротивното. „Гринпис“ затоа го отпушти овој работник, но прецизираше дека нема докази дека тој е виновен за измама.

Лондон – Инфлацијата во Велика Британија во мај успори на 1,5 отсто, што е најниско ниво во последните 4,5 години, покажаа официјалните податоци на статистиката во Лондон. Невообичаено ниската инфлација сепак е во сенка на таа во 18-члената еврозона, каде Велка Британија не е членка. ЕЦБ поради успорување на инфлацијата во монетарната унија, покрена низа мерки во обид парите да ги впумпа во економијата и да ги поддржи цените поради заканите од дефлација.

Вашингтон – Кина, Турција и Чешка се придружија на земјите најголеми светски извозници на лесно оружје, кои ги предводи САД, покажуваат најновите податоци на ОН. Според тие податоци, Италија е и на врвот на листата на увозници на лесно оружје на чие чело, исто така, се САД. Вредноста на глобалната трговија со рачно и лесно оружје речиси двојно се зголеми од 2001 до 2011 година, од 2,38 милијарди на 4,63 милијарди долари.

Сиетл – Вработените во „Старбакс“ кои не сакаат цел живот да останат шанкери ќе добијат можност да стекнат факултетска диплома со помош на овој синџир кафетерии. За сите 135.000 вработени во САД, кои работат најмалку 20 часа неделно, „Старбакс“ нуди двогодишна онлајн програма за студии на Државниот универзитет во Аризона. Во „Старбакс“ велат дека вработените кои ќе ја прифатат оваа понуда ќе можат да студираат што сакаат и да ја напуштат компанијата кога сакаат.

Сан Франциско – Компанијата „Твитер“, која се бори за привлекувањето на нови корисници и со финансиски загуби, остана и без двајца луѓе на раководните позиции. Кон крајот на минатата недела од „Твитер“ си заминаа двајца менаџери од самиот врв на компанијата Ал Роуган и Клое Слејд. Зад оваа куса објава од компанијата веројатно се крие многу подлабок судир и негативна атмосфера која владее во „Твитер“ кој се бори за опстанок на пазарот. Освен драматично успорениот раст на бројот на корисници, финансиските резултати никако не му одат во прилог на „Твитер“, па тоа е главна причина за разидување на ставовите на водечките луѓе на компанијата.

Тагови: akciiberzabiznisdolariekonomijaevrakratkimilijardimilioniparisvetvestiакциибизнисвестидолариевраекономијакраткимилијардимилионипарисвет
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Пет преговарачки тактики кои можете да ги научите од децата

Следна Објава

Model X во производство од 2015-та година

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

февруари 26, 2021
125

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Прочитај повеќе
iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)
ТЕХНОЛОГИЈА

iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

февруари 26, 2021
44

Популарниот јутубер Филип Корој (чиј канал се нарекува „Everything Apple Pro“) се здружи со Макс Вајнбах, познат по тоа што...

Прочитај повеќе
Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та
ЕКОНОМИЈА

Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

февруари 26, 2021
61

Глобалните воени трошоци во текот на минатата година достигна нов рекорд, и покрај пандемијата на новиот коронавирус и тешката економска...

Прочитај повеќе
„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година
КОМПАНИИ

„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

февруари 26, 2021
16

„Anheuser-Busch InBev“ предвидува „значително“ подобар профит за 2021-ва година, откако Бразил и Мексико и помогнаа на најголемата пиварница во светот...

Прочитај повеќе
Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та
ЕКОНОМИЈА

Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

февруари 26, 2021
113

Меѓународната трговија продолжи на крајот на минатата година со нивоа на пред-пандемијата на коронавирусот, компензирајќи ја штетата предизвикана од ширењето...

Прочитај повеќе
Skoda откри детали за новата Fabia (ФОТО)
АВТОБИЗ

Skoda откри детали за новата Fabia (ФОТО)

февруари 26, 2021
80

Чешкиот производител „Skoda“ објави цела галерија на фотографии од камуфлиран прототип на новата „Fabia“, откривајќи ги техничките карактеристики и спецификациите...

Прочитај повеќе
АСО им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда
ЕКОНОМИЈА

АСО им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда

февруари 26, 2021
36

Падот на приходите на осигурителните компании за 5 отсто лани, трошоците за имплементација на повисоки стандарди за заштита на осигурениците...

Прочитај повеќе
Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска
СПОРТБИЗ

Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска

февруари 26, 2021
107

Селекторот на ракометната репрезентација на македонија, Кирил Лазаров, го објави конечниот список на играчи за претстојниот квалификациски дво-меч со светскиот...

Прочитај повеќе
Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта
ЕКОНОМИЈА

Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

февруари 26, 2021
194

Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите...

Прочитај повеќе
Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна
ЕКОНОМИЈА

„Фајзер“: Можеби ќе биде потребна трета доза, ќе мора да се вакцинираме секоја година

февруари 26, 2021
64

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина против Ковид-19 може дополнително да...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

февруари 26, 2021
iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

февруари 26, 2021
Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

февруари 26, 2021
„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

февруари 26, 2021
Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

февруари 26, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

    Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Летово роаминг исто како дома!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Народен лек кој ги уништува бактериите во желудникот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Дали Комерцијална банка ќе подели дивиденда и покрај забраната од страна на Народната банка?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.02.2021

февруари 26, 2021
1.8k
Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства

февруари 26, 2021
242

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
185

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Model X во производство од 2015-та година

Model X во производство од 2015-та година

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани