26 април, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Иако побавно отколку пред пред еден месец, и во април индустриското производство на Хрватска продолжи да зајакнува на годишно ниво. Хрватскиот Државен завод за статистика објави дека индустриското производство, според календарски прилагодените податоци, во април опаднало за 2,8 отсто во однос на претходниот месец, додека во однос на април 2013 зајакна 0,6 отсто. Меѓутоа, растот на индустријата во април е побавен од претходниот месец кога изнесувал 0,7 отсто, како и од очекувањата од 1,1 отсто.

Лондон – Заработката од увозот, производството и користењето на дроги, како и од проституцијата ќе бидат пресметани во квадралните податоци за британскот БДП. Вклучувањато на приходите од илегалните дејности нема значајно да придонесе за раст на британскиот БДП, но канцеларија за национална статистика наведе дека податоците за проституцијата и дрогата треба да се пресметаат за да се добијат споредливи податоци во цела ЕУ, бидејќи тие се легални во некои земји-членки. Пресметувањето на заработката од проституција во БДП можеби и нема да биде едноставна задача, бидејќи ќе мора да се земат предвид и проходите  како наемите на бордели, продажбата на кондоми, како и шминката и облеката за сексуалните работнички и работници.

Белград – Владата на Србија и финската компанија СИСУ потпишаа Меморандум за разбирање, со што производството на камиони во „Фабриката за автомобили Прибој“ (ФАП) може да почне во септември. Потпишувањето на Меморандумот,од страна на српскиот министер за стопанство Душан Вујовиќ и сопственикот на компанијата СИСУ Тимо Корхонен, предвидува договорот да биде склучен во август. СИСУ треба да преземе дел од имотот на ФАП каде ќе почне производство на нови камиони и делови за камиони, се предвидува со потпишаниот Меморандум за соработка.

Љубљана – БДП на Словенија во првиот квартал од оваа година забележа раст од 1,9 отсто во однос истиот период лани, покажува статистиката. Во однос на последниот лански квартал, словенечкиот БДП е намален за 0,3 отсто. Државниот статистички завод објави и дека инфлацијата во мај изнесувала 0,6 отсто, додека годишниот раст на потрошувачките цени бил 0,7 отсто.

Загреб – Се зголемува бројот на компаниите кои не бараат работно искуство како услов за вработување и тоа главно во областа на трговијата, туризмот и ИТ секторот. Како што покажуваат податоците на хрватскиот портал „МојПосао“, во првите четири месеци од оваа година во однос на истиот период лани, објавени се 3.548, односно седум отсто огласи повеќе, во кои не се барало работно искуство. Лицата без работно искуство најлесно ќе добијат можност за вработување во трговијата, туризмот и угостителството, како и во ИТ секторот и телекомуникациите. Најбарани занимања биле келнер-бармен, продавач и претставник во продажба.

Загреб – За една година откако се либерализира пазарот на електрична енергија во Хрватска само 4,5 отсто домаќинства, односно околу 95.000, ја напуштиле „ХЕП Дистрибуција“. Тие домаќинства преминале на поевтина варијанта на струјата , купувајќи ја од еден од четирите пазарни доставувачи (ХТ, РВЕ, ГЕН-И и ХЕП). За слабиот интерес на потрошувачите сигурно придонесе и тоа што досега не постоеле јасни правила за промена на снабдувачот, што создаваше несигурност кај купувачите. Но, тоа наскоро треба да се промени, бидејќи Хрватската енергетска регулаторна агенција (ХЕРА), неодамна покрена јавна расправа за донесување на правилник.

Белград – Само на име субвенции државата на Србија на „Фиат“ му исплатила околу 50 милиони евра. „Фиат автомобили Србија“ (ФАС), само лани од Владата на Србија добила 51 милион евра или точно 5.880.861.811 милијарди динари, покажуваат објавените податоци на српското Министерството за стопанство. Истовремено, во текот на цела 2013 година, нето профитот на ФАС достигнал 1,13 милијарди динари (10 милиони евра), односно петпати помалку од износот на разните донации и рефундации кои „Фиат“ ги доби од Србија.

Мадрид – Шпанија овој месец забележа низок раст на потрошувачките цени, во време кога еврозоната се бори со закана од дефлација, односно пад на цените. Потрошувачките цени во мај пораснаа за 0,2 отсто на годишно ниво, а поголемиот раст ги спречија пониските цени на храната и безалкохолните пијалоци, покажуваат прелиминарните резултати на шпанскиот Завод за статистика. Цените претходно во април пораснаа за 0,3 отсто, по мартовскиот пад од 0,2 отсто, што е многу под целното ниво на Европската централна банка од два отсто.

Сараево – Министер за сообраќај и комуникации на БиХ, Енвер Биједиќ изјави дека прелиминарната проценка за штетата од поплавите на железниците и патиштата во земјата е 27 милиони евра. Надлежните јавни претпријатија подготвија материјали кои се однесуваат на груба проценка на штетата настаната во поплавите, според која вкупната проценета вредност на штетата за железницата, која вклучува градежни и електро дејности е 9.869.254 евра, рече Биједиќ. Тој додаде дека вкупната проценета вредност на штетата за магистралните патишта е 16.911.000 евра, од кои интервентните изведби на магистралните патишта се 2.121.000 евра, а санацијата на свлечиштата на објектите е 14.790.000 евра.

Подгорица – Вкупниот прилив на директни странски инвестиции во Црна Гора во првиот квартал од оваа година, изнесува 104,8 милиони евра, додека од земјата се одлиле 26,8 милиони евра. Во однос на истиот период лани, вкупниот одлив пораснал за 66,5 отсто, при што одливот врз основа на повлекување на инвестиции на нерезиденти инвестирани изнесувал 25 милиони евра, а инвестициите на резидентите во странство 1,9 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка. Нето странските инвестиции, односно разликата меѓу нивниот прилив и одлив, во првото тримесечје изнесувале 78 милиони евра, што е за 19 отсто повеќе од истиот период лани.

Њујорк – Американската рејтинг агенција Мудис ја намали прогнозата на рејтингот на 82 европски банки од стабилна на негативна. Рејтингот е намален поради новиот европски закон според кој, токму банките ќе бидат одговорни за ризици во случај на нова криза. Новите прописи имаат за цел да ги натераат банките на раздвојување на дејностите со населението од ризичните инвестиции, со што даночни обврзници нема да мораат да ги спасуваат банки во криза кои би можеле да и нанесат штета на пошироката економија.

Берлин – Секој петти Германец живее во сиромаштија или е изложен на таа опасност, ги пренесоа германските медиуми резултатите од една студија „Монитор Југендармут“. Студијата покажува дека со сиромаштија се погодени пред се луѓе со пониско образование и без стручни занимања. Под поимот сиромаштија кај младите, авторите на оваа студијак, подготвена токму по повод на одржениот Ден на католиците на Германија, се подразбира недостиг на материјални добра и лош статус во општеството. Кога станува збор за сиромашни во богатата Германија, една анкета објавена на почетокот на оваа година, покажа дека 66 отсто Германци се подготвени да поддржат и зголемување на данокот, за помош на сиромашните деца и младите во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП