3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРејтинг агенциите предупредуваат за Сочи

Рејтинг агенциите предупредуваат за Сочи

Russia Sochi Rogge

Локалните власти во Сочи ќе имаат проблеми со трошоците за одржување на просторот на кој ќе бидат организирани Олимписките игри, и покрај големите државни инвестиции.

Во извештајот на американската агенција за кредитен рејтинг „Moody`s“ се наведува дека Сочи и Краснодарскиот регион имале голема корист од владините инвестиции, но дека најверојатно на долг рок ќе им недостасуваат средства, пренесува агенцијата АП.

Според извештајот на „Moody’s“ овој регион ќе има големи проблеми поради трошоците за одржување на овие простори по завршувањето на Олимписките игри.

Рускиот премиер Димитриј Медведев во неделата и нареди на владата да изработи план за намена и користење на тој простор по одржувањето на Олимписките игри. Според некои проценки, еден дел од тие објекти ќе биде претворен во трговски центри и конференциски сали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП