21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД очекува пад на буџетскиот дефицит

САД очекува пад на буџетскиот дефицит

sad1

Американскиот буџетски дефицит оваа година ќе се намали на 514 милијарди долари, што е значително ниско ниво во однос на минатогодишното.

Исто така, тоа е најниското ниво откако претседателот Барак Обама пред пет години ја презеде функцијата.

Канцеларијата на Конгресот за буџет (ЦБО) наведува дека за неодамнешните добри резултати и оптимистичната прогноза се заслужни повисоките приходи од даноци во време на зајакнување на економијата, како и острото намалување на потрошувачката, пренесува агенцијата АП.

ЦБО, сепак, верува дека долгорочниот буџетски дефицит ќе биде зголемеn, и тоа за 100 милијарди долари годишно во наредните десет години, поради бавниот економски раст во претстојната деценија, во однос на претходните очекувања.

САД минатата година имаа јавен дефицит од 680 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП