3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром: Рекордно дневно производство на гас

Газпром: Рекордно дневно производство на гас

gazpromgazgaz559

„Газпром“ во периодот на екстремен студ на територијата на Русија и околните земји во текот на месец јануари, оствари рекордно дневно производство на гас.

Производството на 1. февруари  достигна 1,65 милијарди кубни метри.

Како што соопшти компанијата, на 30 јануари е забележано историски максимално испраќање на гас до потрошувачите, од 1,79 милијарди кубни метри.

„Газпром“ на 31 јануари обезбеди максимално дневно подземно складирање на гас во целата историја на експлоатацијата од 725,2 милиони кубни метри, пренесува агенцијата Итар тас.

Ако продолжи со ова темпо, годишното производство би можело да достигне 601,52 милијарди кубни метри.

Во 2013 година „Газпром“ произведе 480,45 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП