4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD

Техничка анализа EUR/USD

iuuuiiuuiiu

Најтргуваните валути, еврото и американскиот долар во текот на месец Јануари во новата 2014-та година поминаа во знак на консолидација без драстични промени на нивната вредност, што и е сосема нормално за овој период од годината. Во такви услови на стабилизиран пазар, цената на валутниот пар EUR/USD добива таканаречени “Range” формации движејки се помеѓу две блиски нивоа, како во случајов највисоко ниво е отпорот на 1,3800 и најниско ниво е поддршката 1,3350.

Моменталната слика ни покажува уште поголемо стеснување на цената во многу мало растојание помеѓу 1,3540 и 1,3420 токму на еден ден пред највлијателните објави во еврозоната за следниот тек на промената на каматната стапка. Веќе е извесно дека при утрешната објава во 13:45 часот нема да се промени стапката, која претходно беше намалувана во неколку наврати и се стационира на најниската каматна вредност во историјата на еврозоната од 0,25%.

Притоа на фундаментална основа нема некој индиции да цената на еврото се здобие со нов тренд, но затоа валутниот лидер американскиот долар кој во најголем процент ја движи берзата може да предизвика нови изненадувања, како што тоа беше претходниот месец после објавата за нововработените лица во производствениот сектор, кога нималку очекувано бројката падна на рекордни ниски 74 000. Потоа следуваше пад на доларот во однос на еврото и другите валути, но само еден ден и тоа достигнувајки рекордна цена од 1,3900.

Во тек на овој ден може да се очекува благ шпекулативен пад на еврото во однос на доларот, со тоа што сентиментот за купување на доларот е оптимистички од претходните најави на ФЕД за продолжување на стимулативните програми, така да голем дел од инвеститорите се задржаа на куповните позиции и го зголемија обемот, а оваа недела во петок во 14:30 часот со објавата на НФП ке следи вистинска акција и туркање на цената во одреден правец и можност за нов долгорочен тренд.

Графички приказ:

eur par

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП