6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБил Гејтс го менува работното место

Бил Гејтс го менува работното место

bilco gate

Како што дознава „Bloomberg“, во исто време со замената на Стив Балемер и неодамнешното назначување на неговиот наследник, основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс би требало да ја промени својата позиција во компанијата.

Моментално тој има функција на претседател на Управниот одбор, а се дознава дека по промената би требало да биде заменет. Според новата должност која би ја превземал, тој би требало да биде длабоко инволвиран во развојот на нови производи, точно од каде Гејтс и ја започнал својата кариера.

Во компанијата се надеваат дека вклучувањето на Гејтс во процесот на развој на производи и услуги би можело да донесе нова енергија и креативност, а тој би требало да ги мотивира вработените да создаваат нови производи, исто како што некогаш го правеше тоа на позицијата „CEO“.

Меѓутоа, изворите велат дека тој не е подготвен да работи полно работно време, туку во компанијата да претстојува еднаш неделно, додека остатокот од своето време би го посветил на добротворна работа.

Последните информации говорат дека на позицијата претседател на Управниот одбор, Гејтс ќе биде заменет од Џон Томсон, а новиот Извршен директор ќе биде Сатја Недела.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП