28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната пензија во Грција изнесува 941,5 евра

Просечната пензија во Грција изнесува 941,5 евра

penzionerigrcija65

– Бројот на пензионери во Грција во јануари годинава е намален на 2,64 милиони од 2,66 милиони во декември 2013, соопшти Министерството за труд и социјала.

Најновите податоци исто така покажуваат дека 1.343 пензии се уште им се исплаќаат на лица кои се починати. Нивните досиеја ќе бидат испратена до локалните пензиски органи за понатамошна истрага, соопшти министерот за труд Јанис Вруцис.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, последната ревизија што Министерството ја изврши во пензискиот систем покажа дека повеќе од 1,32 милиони луѓе добиваат една пензија, 921.841 лица добиваат две, а 316.905 корисници добиваат три одделни пензии.

Вкупниот број на пензиите исплатени во јануари достигнал 4,43 милиони, од кои 10.077 на странски државјани.

Вкупните трошоци за пензии во јануари достигнале 2,3 милијарди евра, а просечната пензија изнесува 941,59 евра, соопшти Министерството за труд.

Според истите податоци, грчката држава во јануари исплатила вкупно 173.045 разни бенефиции во вредност од 55,44 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП