6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje: Во 2013 загуба од 25,3 милиони евра

Gorenje: Во 2013 загуба од 25,3 милиони евра

gorenjenjenje765

Надзорниот одбор на „Gorenje“ во петокот разговараше за резултатите од работењето во минатата година, во која „Gorenje“ во основната дејност оствари 1,07 милијарди евра приходи.

Минатогодишниот вкупен приход на „Gorenje“ се проценува на 1,24 милијарди евра. На деловните резултати влијаеа еднократните отписи на финансиските инвестиции „Merkur, Probank и Cimos“ во висина од 24,6 милиони евра, поради што „Gorenje“ на 34,2 милиони евра добивка од работењето остварила 25,3 милиони евра нето загуба.

За оваа година планиран е 3,6 процентен раст на приходите во висина од 1,28 милијарди евра, повеќе од 46 милиони евра добивка од работењето и 12,1 милиони евра нето добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП