28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот La Tratto ресторан (фото)

Луксузниот La Tratto ресторан (фото)

op1

Со локација во колонијална зграда со големо историско значење, „La Tratto Santa Lucia“ ресторанот е нешто навистина посебно…

Го дизајнирале „DOX Arquitectos“ како електична мешавина од детали кои го красат Санта Луциа паркот во историскиот центар на градот. Традиционалните серенади и играчки перформанси овде редовно се одигруваат, како начин на почит кон минатото и традицијата, во модерен ентеиер со погодностите кои претставуваат извор на елеганција и радост.

Кровот на овој луксузен ресторан го претставуваат оргиналните „sapodilla“ дрвени греди, кои се реставрирани за јасно да ја покажат својата шармантна естетика. Тука е и постоечката аркада со коринтски столбови кои стојат на исто место иако се изградени пред многу години. Архитектите се одлучиле да ги задржат овие два традиционални елементи за да прикажат простор во кој модерните и традиционалните елементи совршено функционираат во комбинација. Како резултат, тие ни прикажа удобна, луксузна и интимна атмосфера, создадена за уживање.

Изборот на мебел, текстура и боја, како и природната светлина која доаѓа од големите прозорци ги нагласуваат фантастичните детали. Белиот мермер е комбиниран со махагон за да се обликува барот, кој ја прикажува старата традиција и носталгија. Од друга страна пак, отворената кујна додава допир на модернизам, со своите престижни кујнски апарати од нерѓосувачки челик. Уживајте во фотографиите.

op4

op5

op3

op2

op6

op7

op8

op9

op10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП