4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие реченици ќе ја уништат вашата компанија

Овие реченици ќе ја уништат вашата компанија

unlikeununun555

Кога ваквите изјави ќе се „населат“ во канцеларијата, можете да бидете сигурни дека вашата компанија почнала да се уништува:

1. Ние тоа секогаш го правиме на овој начин

Во светот на бизнисот едно нешто не се менува, а тоа е дека она што функционирало во минатото нема да функционира во иднина. Склоноста кон она што е „испробано и функционира“ води кон грчевито држење за застарените стратегии долго откако ќе стане јасно дека тие веќе не функционираат.

Совршен пример претставува вербата на „Microsoft“ во концептот „Windows Everywhere“. Оваа компанија и понатаму прави талбет уреди и телефони со „Windows“ оперативен систем, иако на пазарите упорно повторуваат дека никој не го сака „проклетиот“ „Windows“.

Од друга страна, иако слободниот пристап до извршувањето на работите функционира во внатрешноста на помалите компании, за поголемите компании може да биде отровен.

Лек: „Она што функционирало во минатото, нема да функционира во иднина“.

2. Но тоа не може да биде вистина!

Луѓето имаа вродена склоност кон она што во психологијата се нарекува „потврдна предрасуда“, односно ги фаворизираат информациите кои ги потврдуваат нивните верувања или начини на размислување.

Претприемачите, често, толку цврсто веруваат во својата компанија и своите производи што ги пропуштаат трендовите кои ја менуваат нивната индустрија, кои нивната „визија“, најпосле, ја прават застарена.

Лек: „Не пропуштајте ја можноста да заработите“.

3. Ќе ни успее… некако

Позитивниот став прави чуда, но очекувањето дека нешто едноставно ќе успее, е сигурна пропаст. Успехот во работата се заснова исклучиво на проценката на реалните можности и на преземањето на соодветната работа.

До вакви изјави многу често доаѓа кога менаџерите го потценуваат времето и работата неопходни за да се направи добар производ.

Лек: „Планирање и работа наместо молитви и надеж“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП