12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците за 2013 година должат повеќе од девет милијарди евра за даноци

Грците за 2013 година должат повеќе од девет милијарди евра за даноци

grcija4

– Грците за минатата година не платиле данок во висина од 9,2 милијарди евра, соопшти Министерството за финансии, иако кредиторите на земјата сметаат дека механизмот на наплата на данокот за 2013 е ефикасен со оглед на тоа што беше одложено неговото реструктуирање.

Новите доспеани долгови кон државата создадени во 2013 изнесуваат 9,2 милијарди евра. Во ноември долгот изнесувал 8,26 милијарди, и за само еден месец е зголемен за 1,01 милијарда. Од вкупната сума се собрани само 18,69 отсто во вредност од 1,68 милијарди евра. Според договорот за финансиска помош, властите треба да соберат 24,5 проценти.

Старите долгови достигнаа до 53 милијарди евра, откако беа собрани 1,52 милијарди евра од долговите од претходните години, а целта беше да се соберат 1,9 милијарди долари.

Бројот на редовни даночни контроли во големите фирми достигна 324, во споредба со целта од 596 проверки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП