5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама бара од големите компании да помогнат со вработувањето

Обама бара од големите компании да помогнат со вработувањето

obamaobobbama1

Белата куќа обврза некои од најголемите национални компании да помогнат во процесот на долгорочно вработување на невработените лица.

„За почеток испланиравме собирање на 300 компании, меѓу кои 50 се најдобрите компании во светот, како „Walmart“, „Apple“, „Ford“ и други, со цел да ги утврдиме надобрите потези“, изјави американскиот претседател Барак Обама во ексклузивното интервју за CNN.

Додека економијата бавно се опоравува од рецесија, расте бројот на работници кои веќе подолго од шест месеци не успеале да најдат работа.

Обама новиот план службено го претстави во петокот, а тој е дел од неговите акции за иницијативи за кои не му треба одобрение од Сенатот. Тој додаде дека неговата администрација ќе продолжи да работи на подобрување на односите помеѓу Претставничкиот дом и Сенатот, но дека „нема да ги чека“.

„Моите очекувања на било кој начин не се намалени, ниту пак моите амбиции. Сепак, она што очигледно е точно е дека во моментов имаме поделена влада“, констатираше Обама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП