17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Шпанија повторно се зголеми

Невработеноста во Шпанија повторно се зголеми

shpanija6

Бројот на невработени во Шпанија е зголемен во јануари на 4,8 милиони лица, соопшти денес Министерството за труд.

Шпанија, четвртата економија во еврозоната, која регистрираше благо закрепнување во третиот квартал од 2013 година, во јануари регистрираше 113,097 невработени лица повеќе од декември.

Невработеноста во Шпанија беше намалена во декември на 4,7 милиони луѓе, на месечно ниво за 107,570 лица, потсетува АФП.

На годишно ниво бројот на невработени беше намален за 166,343 лица, односно 3,34 проценти, што е прва година на пад на невработеноста од 2008 година, кога се појави финансиската криза во Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП