28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел нема да се натпреварува со Москва за верноста на Киев

Брисел нема да се натпреварува со Москва за верноста на Киев

barosobarosoosoososo

Европската унија вчера ги отфрли извештаите дека работи на големиот пакет помош за Украина за да и помогне да ја преброди економската криза, велејќи дека нема намера да се вклучи во аукциско наддавање со Москва за купување на украинската лојалност.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека ЕУ разговара со своите партнери за помош на Украина, но дека не е точно дека ЕУ мора да плати за да ги примами државите како што е Украина на поблиска соработка.

„Нема да се впуштиме во аукциско наддавање за потпишување на договорот од страна на Украина“, изјави Баросо во медиумите.

Весникот „Wall Street Journal“ вчера објави дека комесарот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон изјавила дека ЕУ и САД подготвуваат програма за финансиска помош на Украина.

Ештон не го прецизираше износот на предложената помош, но наведе дека средствата нема да бидат скромни и дека помошта нема да биде само во пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП