3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорот на Barclays го одби бонусот

Директорот на Barclays го одби бонусот

Antony Jenkins, Barclays chief executive

Извршниот директор на британската банка „Barclays“, Ентони Џенкинс, вели дека нема да добие бонус за 2013-та година поради големите судски трошоци со кои се соочува банката.

„Barclays“, која се обидува да ја поправи репутацијата по вмешаноста во скандалот со местењето на меѓубанкарските каматни стапки „Libor“, е една од банките кои се под истрага поради сомневање дека манипулирале со тргувањето на девизните пазари.

Бонусите на банкарите се чувствителна политичка тема во Британија, шест години по финансиската криза, поради тоа што некои од најголемите банки во оваа земја, пред се „RBS“ и „Lloyds“, добиле помош од државата.

Џенкинс порачал дека минатата година била успешна за „Barclays“ и дека многу е горд на напредокот кој е остварен во враќањето на довербата на банката. Тој, меѓутоа, признава дека им биле потребни големи трошоци во име на судските трошоци, како и затворање на бизнисите во областите во кои банката повеќе не е заинтересирана.

„Поради сето тоа, одлучив дека во дадените околности не би било во ред да го прифатам бонусот за 2013-та година кој ми го понуди одборот, па го одбив“, изјави Џенкинс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП