27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏенет Јелен – новиот шеф на ФЕД

Џенет Јелен – новиот шеф на ФЕД

jelenzakletva1

Џенет Јелен вчера положи заклетва и го наследи местото на Бен Бернанке како претседател на американската Управа за федерални резерви (ФЕД), станувајќи првата жена на чело на централната банка во САД во нејзината 100- годишна историја.

Јелен заклетвата ја положи пред управата и вработените во ФЕД, а нејзиниот четиригодишен мандат истекува на 3. февруари 2018 година, пренесува агенцијата АП.

Од Јелен, досегашната заменичка на претседателот на најмоќната централна банка, не се очекува дека ќе отстапи од политиката на Бернанке која беше насочена кон намалување на невработеноста и скротување на инфлацијата.

Јелен е застапник на борбата против невработеноста и го поддржува настојувањето на централната банка да ја поттикне економијата со ниски каматни стапки и богата програма за купување на државни обврзници.

Таа е личност со искуство, бидејќи ја водеше подружницата на Федералните резерви во Сан Франциско од 2004 до 2010 година, поминувајќи периоди на добра економска ситуација, но и време кога настапи економската криза.

Јелен е родена во 1946 година во Њујорк, каде во 1967 година завршила на Браун колеџот. Докторирала на Универзитетот Јејл четири години подоцна, додека нејзиното прво работно искуство било како асистент на професор на Харвард од 1971 до 1976 година.

По професорската кариера, на крајот на деведесетите, две години била претседател на Советот за економија во администрацијата на Бил Клинтон.

Минатата година според анкетата на Блумберг маркетс беше избрана во листата за 50 највлијателни лица во САД, Мажена е за Џорџ Акерлоф, добитник на Нобеловата награда во областа на економијата, воедно и професор на Универзитетот Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП