„Jeep“ на Американците уште минатата година им ја претстави новата генерација на својот модел „Cherokee“, додека европската верзија на почетокот на март ќе биде изложена на 84-тиот Саем за автомобили во Женева.
Само за потсетување, новиот „Cherokee“ сe базира на „Alfa Romeo Compact U.S. Wide“ (CUS-Wide), платформата која веќе е искористена на седанот „Dodge Dart“.
Во палетата на мотори за американскиот пазар се два бензинци, и тоа 2.4-литарски четирицилиндарски „Tigershark“ со 184KS, како и 3.2-литарски „Pentastar V6“ со 271KS. Двата споменати мотори се поврзани со деветстепен автоматски менувач.
Верзијата за Европа визуелно не се разликува, но се разликува во понудата на мотори. Европејците имено во новиот „Cherokee“ ќе добијат и четирицилиндарски 2.0-литарски „Multijet II“ турбо дизел агрегат во верзии со 140KS/350 Nm и 170KS/350 Nm. Послабите дизел мотори ќе се комбинираат со шестстепен мануелен менувач, а појаките со деветстепен автоматски менувач.
Исто така и во европската понуда ќе биде и 3.2-литарскиот „Pentastar V6“ бензинец со 271KS и 315 Nm, a во Русија и 2.4-литарскиот „Tigershark“.
Во палетата ќе бидат понудени верзиите 4×2 и 4×4, како и бројни опции за индивидуализација за кои се погрижи „MOPAR“.
„Cherokee“ на крајот на годината на „EuroNCAP“ тестот ги доби максималните 5 ѕвезди за безбедност, а во стандардната опрема меѓу останатото има и седум воздушни перничиња и ESC (Electronic Stability Control).