
Денес „Facebook“ наполни 10 години од своето основање. За официјалниот почеток на својата компанијата Марк Цукерберг го смета пуштањето во употреба на сајтот „thefacebook.com“.


Денес „Facebook“ наполни 10 години од своето основање. За официјалниот почеток на својата компанијата Марк Цукерберг го смета пуштањето во употреба на сајтот „thefacebook.com“.
Реално претходникот на „Facebook“ е „Facemash“, кој се појавува на 28-ми октомври 2003-та година. Неговата идеја сепак е поинаква, бидејќи ги покажува сликите од студентите на Харвард, каде што студирал и самиот Цукерберг, и претставува своевидна анкета кои момци и девојки се привлечни и кои не.
Во јануари 2004-та година Цукерберг одлучи да промени концептот на веб страната, поради тогашните проблеми со раководството на Хардвард. Новата идеја е „TheFacebook“ да биде место за креирање и одржување на контакти меѓу студентите на престижниот универзитет. Првично неговата идеа покажува голем интерес. За првите 24 часа по обелоденувањето на проектот, „TheFacebook“ добива меѓу 1200 и 1500 регистрации.
Во март 2004-та година „TheFacebook“ започнува да прима и регистрации од универзитетите во Стенфорд, Колумбија и Јеил. Постепено сајтот станува студентска мрежа за повеќето Универзитети во Канада и САД. Успехот го натера Цукерберг да размислат за поголем развој на својата страница.
Во јуни 2004-та година, тој го напушта Харвард и се пресели во Пало Алто, Калифорнија. Во летото на истата година, „Facebook“ се претвора во вистинска компанија.
Бизнис постигнување.
Во 2005-та година компанијата го купува доменот „facebook.com“ за 200 илјади долари и така го отстранува „the“ од своето име. Интересот на „Facebook“ се уште е кон универзитети и повеќето училишта, но на крајот на годината дозволено членство и на вработените на големи компании како „Apple“ и „Microsoft“, како и на институции од други земји во светот.
Интересот на луѓето кон социјалната мрежа не престанува да расте и на 26-ти септември 2006-та година, таа тврди дека веќе е отворена за сите над 13 -годишна возраст со валидна „e-mail“ адреса. Од тука почнува и вртоглавиот раст на компанијата, па така таа достигна 100 милиони корисници на 26-ти август 2008-та година.
Првите 500 милиони активни корисници се постигнуваат на 21-ви јули 2010-та година, а 1 милијарда активни регистрации компанијата ги забележува на 4-ти октомври 2012-та година. Денес оваа бројка изнесува нешто над 1.2 милијарди корисници.
Во првите години од своето постоење компанијата се потпира на инвеститори. Меѓу нив спаѓа и „Microsoft“, кој располага со 1,6 % удел од компанијата во вредност од 240 милиони долари до 2007-та година. Во 2009-та година „Facebook“ најави дека веќе работи со профит.
Развојот на социјалната мрежа продолжува и на 1-ви февруари 2012-та година, таа поднесе документи за излегување на берзата како јавна компанија. Самото тргување на акциите започнува на 18-ти мај истата година.
Мали падови за големиот подем.
Се разбира, не сето тоа оди глатко и според планот. Во текот на неколку години инвеститорот Пол Сеглија води дело против Цукерберг, во кое тврди дека тој мора да е реален сопственик на социјалната мрежа. На крајот Сеглија беше обвинет за фалсификување документи и судот ги отфрли неговите обвиненија кон Цукерберг.
Во годините основачот на „Facebook“ неколкупати се сретнал со незадоволни соработници или љубопитни новинари. Понекогаш дури е преминет и законот во обидот да се најдат повеќе информации без нивно знаење.
Денес веќе се дефинира како позрел и скромен, кој посветува поголемо внимание за благородни цели и добротворни цели. Се разбира, не го губи и талентот кон бизнисот и веќе има подготвен план за развојот на социјалната мрежа за следните 10 години.