1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците во Грција најавија блокади на патиштата

Земјоделците во Грција најавија блокади на патиштата

Greek-farmers-protesting

Грчките земјоделци најавија дека ќе постават 30 до 40 блокади долж автопатот Атина-Солун, како и на други патишта во северна Грција.

Земјоделците, кои протестираат против даночните мерки кои Владата ги усвои за земјоделскиот сектор, веќе поставија трактори на различни места во земјата.

Најголем дел од учесниците во протестите се земјоделци од Тесалија, област во централна Грција.

Грчкото Министерство за финансии им наложи на стотици илјади земјоделци да се јават во даночните служби до 20 март, за да достават изештаи за своите приходи и трошоци за минатата година. Од нив исто така се бара да имаат фискални каси и да поднесуваат даночни пријави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП