3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Мерки за избегнување банкрот

САД: Мерки за избегнување банкрот

sad13

Американскиот министер за финансии изјави дека ќе започне да користи вонредни мерки по 7. февруари, со цел да биде избегнат банкрот на САД.

Конгресот на САД го суспендираше ограничувањето на задолжувањето во октомври во рамките на договорот со претседателот Барак Обама и републиканците кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом за деблокирање на владата, но таа суспензија истекува во февруари.

Лу изјави дека очекува до крајот на месецот да остане без простор за маневрирање.

Министерот за финансии на САД може да искористи различни мерки за да се одржи ред во владата без пречекорување на границите на задолжување.

Лу, сепак, изјави дека тие мерки најверојатно ќе траат до 28 февруари и нагласи дека Конгресот без одложување би требало да делува за да се зголеми границата на задолжување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП