24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Вечерње новости“: Хрватска ја продава Превлака

„Вечерње новости“: Хрватска ја продава Превлака

prevlaka_park_vlak_op

Во рамки на втората фаза од приватизацијата на државните претпријатија, хрватската Влада планира да ја продаде и фирмата „Парк Превлака“, која го поседува земјиштето на полуостровот Превлака околу кој спорат Хрватска и Црна Гора, објави во денешниот број белградскиот весник „Вечерње Новости“.

Весникот наведува дека засега не е сосема јасно дали Загреб ќе го продаде само претпријатието „Парк Превлака“ или и земјиштето што фирмата го поседуваа на Полустровот.

Според хрватски извори, продажбата на претпријатието треба да претставува „доказ“ дека Хрватска нема да се откаже од Превлака во полза на Црна Гора.

Загреб и Подгорица повеќе од две децении спорат околу суверенитетот на Полуостровот Превлака, кој се наоѓа на влезот на црногорскиот залив Бока Которска. Кон крајот на 2002 година двете земји потпишаа Протокол за привремен режим на меѓусебното разграничување со важност од десет години, кој истече пред повеќе од една година.

Градоначалникот на хрватската општина Конвале, на чија територија е Полусотровот, Лука Корда смета дека идејата за продажба на фирмата „Парк Превлака“ е „повеќе од смешна“.

„На кого ќе му го продадат? Постои ли некој лудак кој би го купил“, изјави Корда, додавајќи дека ова претријатие е формирано единствено со цел да го заштити тоа подрачје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП